Со овие хороскопски знаци никогаш не треба да се расправате: Еве зошто!

Жестоки знаци

Со овие знаци е практично невозможно да направите компромис и бидете сигурни дека ќе бидете и повредени, и поразени. Затоа, најдобро избегнувајте ги конфликтите со нив.

За кои хороскопски знаци станува збор?

Скорпија

Скорпиите се под влијание на планетата Марс, а за древните Римјани, Марс е богот на војната. Па, нив не им е проблем да ве погодат на најболното место.

Иако Скорпиите вистински се грижат за другите луѓе, особено нивните сакани, ако се повредени или измамени, не се двоумат да ја покажат нивната жестокост.

Потребно е многу за да ги разгневите Скорпиите, но штом ја преминете нивната граница, тие знаат да одат до екстреми.

Близнаци

Кога се расправате со Близнаци, имајте на ум дека тие веќе знаат како ќе се одвива дискусијата и имаат смислено злобен одговор за што и да им кажете.

Близнаците не почнуваат расправија без да се подготват, а дури и ако не се подготвени, секогаш знаат да го кажат она што најмногу ќе ве повреди.

На крај, дури и тие да се виновни, ќе ве натераат да се чувствувате глупаво што воопшто сте ја почнале расправијата.

Овен

Како Скорпиите, и Овните се под влијание на Марс, а ова дефинитивно се забележува кај нив.

Не би сакале да влезете во конфликт со Овен бидејќи овие луѓе неретко не можат да го контролираат нивниот гнев. А, штом ќе ги разгневите, тешко дека ќе успеете да ги смирите со разговор.

Добрите вести се дека на Овните лутината им поминува брзо, но сепак, зборовите што ќе ви ги кажат нема да ви дозволат лесно да го заборавите конфликтот.

Девица

Девиците се личности со кои не треба да почнувате расправии. Тие најверојатно знаат за вас повеќе отколку што мислите, па без двоумење ќе ви ги спомнат нештата што најмногу ве повредуваат.

Девиците можат да бидат сурови со нивните зборови, а притоа да изгледаат мошне смирено, а ова може да биде многу фрустрирачко.

Кога Девиците се сигурни дека се во право, жестоко ќе го бранат својот став и никогаш нема да ви попуштат.

Водолија

Иако Водолиите покажуваат разбирање, можат да бидат навистина тврдоглави за одредени нешта.

Водолиите без проблем ќе ви кажат што мислат, дури и ако тоа ве повреди, и ќе најдат начин да ви докажат зошто тие се во право (дури и да не се).

Слично како Близнаците, и Водолиите знаат точно како ќе се одвива расправијата и ако не направите компромис, веројатно никогаш повеќе нема да слушнете за нив.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.