Мејкап артистка со шминка ги оживува хороскопските знаци и точно ги опишува нивните карактеристики

Талентирана девојка ја искористи шминката за симболично да ги оживее зодијачките знаци на своето лице

Сетерех Хозеини од Канада и прецизно ги опиша карактеристиките на родените во секој знак.

ОВЕН

Огнено и жестоко страсна, таа носи челичен оклоп, а нејзините рогови секогаш се спремни за битка.

Секогаш презема водство и постојано бара динамика и натпреварување. Движена од екстремен ентузијазам и родена како смела лидерка, таа има чиста и речиси детинеста душа – неоцрнета и бестрашна.БИК

БИК

Бескомпромисно тврдоглава и самоволна, со огромна упорност и решителност. Таа има жежок и жесток темперамент и ќе го покаже кога ги тестираш нејзините граници.

Обожава сè што ги возбудува нејзините сетила. Контролирана од внатрешното спокојство и моќното чувство за стабилност, таа е и секогаш ќе биде непобедлива сила.

 

БЛИЗНАЦИ

Позната е по нејзината контрадикторна природа, нејзиниот ум секогаш талка помеѓу логиката и апсурдноста. Таа е комбинација од висока интелигенција, остроумност и елоквентност.

Секогаш борејќи се со мистични сили, таа ќе ти ги покаже твоите најдобри и најлоши страни и ќе ти покаже нешта за кои не ни знаеше дека имаш потреба да ги видиш.

РАК

Таа е плимата, нежниот блесок на месечината, брановите кои се распрснуваат на брегот. Таa чувствува сè длабоко, иако не сака да го покажува тоа. Нејзината школка е тврда и на моменти некршлива, зашто секогаш ја заштитува нејзината кревка душа. Се разбира, потешко е да скршиш нешто меко, одошто нешто тврдо.

Ја допираш и таа е многу пореална од сè што имаш почувствувано претходно. Космички честички од месечева прашина ги оцртуваат нејзините вени. Бидејќи таа е како месечината, ќе ја гледаш со ново лице секој ден.

ЛАВ

Најчесто веднаш можеш да ја забележиш во толпата – таа се смее најгласно, има најблескава насмевка и најсамоуверено држење на телото. Нејзината коса е грива направена од злато, а нејзината кожа блеска како зајдисонце.

Таа е алфа, лавица, лидерка и воинка. Иако можеби изгледа нежна како фантазија, во неа гори оган кој не згаснува.

ДЕВИЦА

Таа е олицетворение на невиност, чистота и правда. Нејзината земјена природа ја прави неверојатно умна и аналитички настроена. Сè што нејзе ѝ е убаво, избувнува во суптилен, но и прекрасен спектакл.

Секогаш се стреми да воведе ред во хаосот.

 

ТЕРЕЗИЈА

Нејзиниот шармантен карактер е достоен за пофалби, нејзиниот глас милозвучен, нејзиното срце – справедливо. За вистински да ја разбереш неа, мораш да ја разбереш загатката на терезијата – секогаш балансира меѓу мислите и емоциите.

Таа е цвет со скриени трња, а без неа, животот едноставно не би бил фер.

СКОРПИЈА

Сè е во нејзиниот продорен поглед. Мрачни и калкулирачки, нејзините очи се сомничави, но и хипнотизирачки. Моќни, страсни и интуитивни.

Таа подеднакво носи сила и темнина – половина божица, половина пекол. Таа е прекрасна, а нејзините очи ја откриваат нејзината душа.

СТРЕЛЕЦ

Таа е неуморен патник, секогаш во лов на нови идеи и доживувања. Нејзината стрела ја симболизира нејзината желба за насоченост и важна цел.

Таа е експерт за авантура, исцелителка чија висока интелигенција формира мост помеѓу рајот и земјата.

ЈАРЕЦ

Нејзината решителност е за восхит, а нејзината самоконтрола е моќна. Таа е конкретна, амбициозна и одговорна.

Секогаш раководи лојално, а упорно го постигнува зацртаното. Ниту една планина не е доволно висока за да не може да ја искачи, а нејзината љубов е стабилна како земјата.

ВОДОЛИЈА

Таа е луд научник во сопствената лабораторија, измислувајќи и креирајќи дење и ноќе. Брзиот наплив на идеи и неочекуваните постапки ја прават непредвидлива и бунтовна. Анархијата е нејзина специјалност.

Секогаш смело се бори за душата на светот, ја излева својата мудрост и ти го урамнотежува умот. Таа е блескава и застрашувачка. За неа секогаш постои тенка линија меѓу генијалноста и лудилото. Таа живее во иднината. Која е самата таа се раскрива постепено – во бранови.

РИБИ

Вонземна и длабоко мистериозна. Нејзиниот ум плива во длабочини во кои повеќето би се удавиле. Таа секогаш плови во спротивни насоки, тоа го претставува дуализмот на нејзината душа.

Таа е врвна волшебничка и нејзиното срце е океан на емоции. Секогаш сонува за царства во кои само таа може да влезе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.