Кој е најинтелигентниот знак според хороскопот?

Астрологијата може да предвиди многу работи, почнувајќи од љубовната компатибилност помеѓу два знака, па дури и нивото на интелигенција со кое располага секој од хороскопските знаци.

Водолијата и Скорпијата се најпаметните знаци, тврди астрологијата, но поради две сосема различни причини.

Оние кои се родени во знакот на Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со помош на когнитивните способности и нивото на личен IQ.

Скорпиите, пак, од друга страна, се најперцептивни и најдобро умеат реално да ја проценат секоја ситуација и да го сфатат функционирањето на светот околу нив, како и начинот на кој функционираат и најситните нешта.

Ова сепак не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Терезиите исто така поседуваат огромно знаење и се особено ментално силни; Раковите и Рибите пак се истакнуваат како емоционално најинтелигентни од сите останати.

Земјените знаци, Бик, Девица и Јарец демонстрираат практична интелигенција. Огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец имаат изразена интуиција, похрабри се и постојано преземат ризици или одредени лидерски позиции за кои другите се плашат и да помислат на нив.

Фото: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.