Дознајте што вели подзнакот за вашите сексуални апетити

Не е лошо да се знае

Можеби ќе се изненадите и конечно ќе се пронајдете во сексот

Првата работа за која се покажува интерес во астрологијата, покрај познавањето на сончевиот знак, е подзнакот или асцендентот. Тоа е така бидејќи секој од нас има желба подобро да си ги запознае карактерните особини или, пак, да си ги најде оние кои во сончевиот знак не ги нашол. А што вели подзнакот за вашето сексуално однесување, прочитајте во продолжение.

Овен – сака директен и страстен секс, со многу импулсивност и наглост која ќе го доведе партнерот до лудило. Ужива во спонтаноста, па личноста со која води љубов слободно може да му ги открие сите свои тајни и да биде потполно отворена со него. Лицето и главата се мошне силни ерогени зони, па затоа луѓето со подзнак овен може да доживеат оргазам и преку еротично грицкање на нивните уши. Можат да ја одвојат љубовта од сексот, но покрај себе секогаш сакаат личност која ќе им биде посветена и со душа и со тело. Во состојба се да доживеат неколку свршувања по ред и не се големи љубители на предиграта.

Бик – љуби инстинктивно, со што сексот доаѓа нагонски и сосема природно. Бидејќи го сведуваат на потреба иста како онаа за храна, лесно може да претераат, па и кога партнерот е преморен да инсистираат на уште еден однос. Уживаат да бидат љубени милувани по цело тело, а истото го спроведуваат и врз личноста со која што се. Имаат силен оргазам по кој им требаат неколку минути за да се смират. Не се склони кон експериментирања со различни партнери, туку сакаат еден со кој ќе испробаат сè. Секс само поради секс практикуваат само во очајни ситуации. По природа може да бидат љубоморни и мошне тврдоглави.

Близнаци – кога станува збор за луѓето со подзнак близнаци, сексот може да се опише како спој од разноликост и бујна фантазија. Бидејќи близнакот е еден од најинтелектуалните знаци, секогаш сака да испроба нешто ново во креветот. Ретко има само еден љубовен партнер, без разлика на тоа колку емотивно е врзан со личностa со која што е во врска. Понекогаш знаат да бидат перверзни, па дури да го натераат партнерот со текот на времето да помисли дека тоа во суштина била негова идеја. Не се робови на предрасуди, па моралот го сфаќаат сосема поинаку од повеќето луѓе.

Рак – имаат романтичен пристап кон сексот, па емотивната врска мора да биде составен дел од љубовната игра. Сакаат постојан партнер кој ќе им пружи редовен, романтичен и квалитетен секс. Оргазмот им е прикриен и долготраен. Се плашат да не бидат напуштени па затоа ретко менуваат партнери и остануваат со една личност подолго време. Знаат како да го заинтригираат партнерот за тој да преземе сексуална иницијатива додека тие глумат наивност. Кога некој ги критикува за нивната секс изведба стануваат бесни и одмаздољубиви.

Лав – најмногу уживаат кога имаат секс со личност за која знаат дека ги обожува. Кога партнерот им ласка максимално се вложуваат во односот и ги покажуваат сите свои сексуални потенцијали и вештини. Склони се кон основните облици на перверзија и сакаат секс пред огледало или видeокамера. Кога се во врска инсистираат на слобода, па на флертот со други луѓе гледаат како на сосема обично и нормално однесување. Мошне се страсни и имаа високи очекувања од личноста со која што имаат однос.

Девица – голем критичар кој мисли дека во сексот треба да постигне совршенство. Поради тоа мора да се справува со постојаното чувство дека не е доволно добар во тоа што го прави. Премногу е чист и педантен за да се впушти во секс со било кого, па затоа преферира да има однос со добро познати лица. Сакаат да ги исполнуваат туѓите фантазии, но не и да ги искажуваат своите. Ретко искажуваат емоции и се мошне реалистични.

Терезија – луѓето со овој подзнак имаат силна желба за разбирање, симпатија, љубов и дружење. Повеќе се заљубени во самата љубов отколку во партнерот. Затоа сексот го доживуваат како дел од една поголема игра на флертување и освојување. Во состојба се да искажат љубов, но да го прескокнат сексот доколку не е неопходен. За време на сексуалниот чин се дисциплинирани и прилагодливи на партнерот. Лесно се врзуваат за една личност и се способни да се претворат во сето она што таа го бара.

Скорпија – личност со многу силни сексуални желби и можности. Малкумина може да се споредат со неа и нејзиниот апетит за секс. Целата појава и е магнетно сексуална, но знае како да ја контролира поради што станува уште попосакувана кај посилниот пол. Сексот го сфаќа мошне сериозно, па затоа мора да биде редовен, страстен и со вистинската личност. Понекогаш има толку голем вишок на енергија што едноставно не е во состојба да ја контролира. Сепак, не напаѓа од првпат туку практикува притаена акција.

Стрелец – за нив сексот пред сè e забава. Понекогаш возбудувањата кои му претходат на сексот за нив се повозбудливи од самиот чин на водење љубов. Издржливи се, па бараат сличен партнер на себе. Имаат навика за време на односот да зборуваат со партнерот и да се договараат што ќе прават следно. Сакаат да имаат секс на необични места и во различни околности. Освен тоа пристапот кон партнерот им е спонтан и мошне симпатичен.

Јарец – за овој подзнак преовладува тврдењето дека има слаб сексуален живот. Ова се должи на фактот што Сатурн ги прави личностите внимателни и повлечени. Но, кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер стануваат ненаситни и себични. Најмногу сакаат едноставен секс, а понекогаш може да бидат склони и кон перверзија. Во нивниот сексуален живот ретко има изненадувања и непредвидливи нешта.

Жените имаат дарба за манипулација, додека мажите се заштитнички настроени кон својата партнерка.

Водолија – неконвенционален и непредвидлив во сексот овој подзнак никогаш не успева да одреди кога е време за крај. Нештата кои се случуваат во креветот повеќе личат на пријателско интимно дружење отколку на див секс. Сексот ретко има предигра, па затоа веднаш се пристапува на главното. Личностите со ваков подзнак вообичаено имаат секс со повеќе личности и се мошне промискуитетни. Сепак, во тоа не гледаат ништо лошо и неморално.

Риби – подзнак во знакот на риби значи дека целиот секс живот е управуван од емоции. Во односите личноста најчесто игра подредена улога, но тоа не ја спречува да си ги реализира сексуалните фантазии. Сакаат партнерот да биде максимално задоволен, па затоа се подготвени дури и да глумат за да го направат среќен. Релативно доцна созреваат, но брзо го надополнуваат изгубеното.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.