Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК, 22 март 2021 година

Погледнете каков ден ве очекува

Овните се заљубени, Раковите се во стабилно здравје, Биковите треба да водат сметка за исхраната.

ОВЕН

Не сте задоволни од ситуацијата на работа: не успевате да најдете заеднички јазик со вашите колеги, а работата е бавна. Вие сте заљубени и задоволни од врската. Не сте свесни дека партнерот не е сигурен во врската. Нервите се чувствителни.

БИК

Со цел да избегнете проблеми со колегите, вие свесно се прилагодувате и попуштате. Се посветувате на вашиот партнер. Сакате да поминувате повеќе време заедно, но вашиот партнер не може да ве исполни заради деловни обврски. Грижете се за вашата исхрана.

БЛИЗНАЦИ

Во случај да сте приватно лице, ве очекуваат лоши деловни резултати, поради што влегувате во конфликт со колегите. Емотивно сте исполнети. Врската со партнерот се развива спонтано. Ќе бидете многу напнати поради проблеми на работа.

РАК

Вие сте многу задоволни од ситуацијата на работа. Бизнисот добро се развива и обемот на работа расте секој ден. Воодушевени сте од врската. Интензивна врска ѝ одговара на другата страна, исто како вас. Здравјето е стабилно.

Прочитајте и: 4 хороскопски знаци што едноставно не простуваат, а ниту забораваат

ЛАВ

Во случај да сте приватно лице, одите на кратко службено патување и воспоставувате задоволителен деловен договор. Партнерот точно знае како да се однесува кон вас, за да бидете задоволни од врската. Болки во грбот се можни.

ДЕВИЦА

Ако сте приватно лице, ќе имате повеќе обврски од вообичаеното. За среќа, вие сте организирани, па правите сè на време. Не сте сигурни за врската, некои карактеристики на вашиот партнер ги обожавате, а некои ве полудуваат. Вие сте напнати и ви треба одмор.

ВАГА

И покрај првичниот оптимизам, деловниот состанок не завршува како што очекувавте и затоа не се чувствувате добро. Одличен ден е за нов познаник. Во случај да дојде до врска, таа ќе биде на далечина. Можни се проблеми со мочниот меур.

ШКОРПИЈА

Добивате деловна понуда од пријател, но ја одбивате. Не сакате да ги мешате деловната и приватната сфера. Саканата личност сака да помине што повеќе време со вас и вие ѝ излегувате во пресрет. Склони сте на повреди.

СТРЕЛЕЦ

Самоуверени сте и конкурентни. Започнувате нов деловен проект и сакате да се докажете. Врската се развива нормално, а вие поминувате сè повеќе време заедно со вашата сакана личност. Можни се проблеми со гениталиите.

Запознајте го најнаивниот знак во Зодијакот

ЈАРЕЦ

Иако сте вредни и одговорни, непланирани тешкотии ве очекуваат во реализацијата на одредени планови. Врската со саканата личност е стабилна и задоволувачка. Склони сте на инфекции поврзани со органите за дишење или уринарниот систем.

ВОДОЛИЈА

Имате погрешен став кон работата. Доживувате некои ситни пропусти и критики на емотивен, наместо на професионален начин. Преку работа, запознавате личност која остава одличен впечаток. Претерувате со храна, особено со слатки.

РИБИ

Имате прилично оптимистички став кон новиот проект што го започнувате. Верувате во себе, односно дека ќе постигнете успех. Ве чека нов познаник. Додека ќе бидете заинтригирани, другата страна нема да го дели ентузијазмот. Видот е нарушен.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.