Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 29 септември 2021 година

Дознајте каков ден ве очекува

Риби успешни, Водолии среќни, Рак уморни, Бикови задоволни.

ОВЕН

Обидете се да прифатите дека не можете да влијаете на сè што се случува на вашето деловно поле. Можно е да сте оптоварени со разговори со партнерот кој ви бара одговори што ги немате. Можен е хроничен замор.

БИК

Не ризикувајте премногу на работа денес. Не е добар ден за какви било патувања. Можно е некој близок да ви покажува доза на отпор кон вашите идеи. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

БЛИЗНАЦИ

Не е добар ден за поголеми промени на полето на работата или за нови инвестиции, затоа подобро покажете малку трпение. Ако сте во брак, ве чека кризен период во кој ќе почувствувате поголема дистанца од партнерот. Проблеми со стомакот.

РАК

Избегнете претерување во која било смисла денес. Обидете се да бидете умерени во сè. Вашето импулсивно однесување и раздразливост ве доведуваат до поголеми проблеми со саканата личност. Може да има проблем со дишните патишта.

Прочитајте и: 3 најчувствителни хороскопски знаци: Ранливи, емотивни и сè сфаќаат лично!

ЛАВ

Финансиите не ви се стабилни и имате многу трошоци што би можеле да ве оптоварат. Не сте сигурни во вашите чувства, но вашиот партнер бара да се посветите на него. Може да дојде до прекин. Грижете се за тироидната жлезда.

ДЕВИЦА

Обидете се да бидете трпеливи кога станува збор за вашата работа. Одредени проекти ќе ви бидат побавни за реализација. Се чини дека сте незаинтересирани за личноста што ви се додворува, а вие сте всушност само несигурни во себе. Можна е главоболка.

ВАГА

Загрижени сте за развојот на ситуацијата на работа. Можеби имате впечаток дека многу работи се против вас сега. Можно е да сте љубоморни и недоверливи кон вашиот партнер, кому му пречи вашето однесување. Склони сте кон депресија.

ШКОРПИЈА

Денес, некои конфликти на работа можат дополнително да се интензивираат. Обидете се да бидете малку повеќе дипломатски. Сакате да ви се случи нова љубов и подготвени сте да го отворите срцето за нови познанства. Проблеми со циркулацијата.

СТРЕЛЕЦ

Обидете се да бидете доволно тактични денес и да не реагирате импулсивно на работа. Можеби веќе немате исти чувства кон вашиот партнер. Врската може да се изгуби во следниот период. Вкочанетоста ве мачи.

Во октомври нè очекуваат 5 предизвикувачки денови: Еве кога треба да бидете особено внимателни!

ЈАРЕЦ

Обидете се да направите што можете за да ја подобрите вашата ситуација. Сепак, многу зависи од вас. Ви се допаѓа личност која изгледа дека балансира и не е сигурна во своите чувства. Проблеми со холестерол.

ВОДОЛИЈА

Обидете се да бидете посветени на вашата работа. Во наредниот период, можеби сте склони кон мрзеливост. Ве очекува статичен период на љубовно поле, засега нема поголеми промени и затоа не сте задоволни. Вкочанетоста ве мачи.

РИБИ

Ве очекува ден кој може да ви донесе некои мали проблеми и пречки на полето на работата. Може да очекувате нова љубовна средба со личност која веќе ви оставила добар впечаток. Проблеми со црниот дроб и жолчката.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.