ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 24 декември: Емоциите ве гушат, најдете начин да се изборите за себе!

Астро-прогноза

Фото: Pexels

Скорпијата ужива во животот, стрелецот е задоволен, рибите го чекаат крајот на годината

ОВЕН

Моменталните околности ги надминуваат сите очекувања. Ви треба многу трпение да ги надминете тешкотиите. Партнерот се обидува да ви даде по некоја замерка, но вие не му дозволувате да дојде до збор. Болки во ‘рбетот.

БИК

Не сте сигурни дали да ја прифатите понудата за соработка со странство, ја одложувате одлуката. Оние што се во брак се склони на конфликти со партнерот. Сепак, внимавајте некои зборови да не прободат стари рани. Променливо расположение, нестабилност.

БЛИЗНАЦИ

Не сте задоволни од ситуацијата на работа, бидејќи постојано ви се повторуваат истите проблеми. Пожелна е промена. Ве очекува бурен ден ако вашиот љубовен партнер е припадник на некој од огнените хороскопски знаци. Покачен притисок.

РАК

Можно е да ја имате среќата порано да си одите од работа денес. Саканата личност максимално ќе ви се посвети и можете да имате многу убав ден и романтична вечер. Постои потреба за размена на нежности, чувства. Бидете физички поактивни.

ЛАВ

Немојте да донесувате нагли одлуки. Денес едноставно не сте во можност да направите вистинска проценка. Стабилни односи во бракот. Оние што се слободни, се досадуваат малку. Проблеми со главоболка. Веќе подолго време сте под стрес, напнати сте.

ДЕВИЦА

Бидете максимално посветени и направете сè што можете за да завршите што повеќе работа. Денес многу лесно можете да ја освоите личноста што ви се допаѓа, само треба да го направите првиот чекор. Проблеми со белите дробови. Направете рендген.

ТЕРЕЗИЈА

Не прифаќајте повеќе работа одошто можете да завршите. Ако ги преувеличите вашите способности, можете да зажалите на крајот. Проблемите во емотивната врска се сè потешки за решавање, размислувате за прекинување. Осетлив граден кош.

СКОРПИЈА

Можете да очекувате потежок, исцрпувачки ден. Многубројните обврски чекаат само на вас. Сакате да се опуштите во прегратката на саканата личност, без премногу зборување и размислување. Внесувајте доволно течности и минерали.

СТРЕЛЕЦ

Попладневните часови ви се поволни за патување, но и за решавање папирологија. Обидете се да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Подготвени сте да бидете поотворени и поискрени со неа. Можни проблеми со алергии.

ЈАРЕЦ

Ќе имате малку поголеми трошоци. Сепак, ќе успеете некако да ја избалансирате ситуацијата на полето на финансии. Можете да имате многу интересна комуникација со личност што сте ја запознале неодамна. Помалку внесувајте масна храна, најмногу поради холестеролот.

ВОДОЛИЈА

Ќе имате среќа и ќе добиете совет и поддршка од некоја личност што ви треба за тоа. Поволен ден за вас. Партнерот поставува јасни правила во љубовната врска до кои би требало да се придржувате. Болки во грбот. Се имате префорсирано!

РИБИ

Немојте ништо да форсирате денес, оставете сè да помине мирно. Наредниот ден ќе успеете да ги остварите планови. Прилично лошо се чувствувате, бидејќи сметате дека партнерот емоционално ве уценува на некој начин. Можни проблеми со црниот дроб.

Ово се хороскопските знаци на кои ќе им цвета кариерата во 2022 година!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.