ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 19 март: Финансиите се добри, но бракот трпи!

Астро-прогноза

Лавот е уморен, Јарецот тврдоглав, Девицата успешна, Скорпијата незадоволна

ОВЕН

Иако не сте во потрага по нова работа, добивате нова работна понуда. Односот со партнерот ви носи задоволство. Другата страна размислува за финансии и смета на вашата финансиска помош. Чувајте се од повреди.

БИК

Одите по пократкиот професионален пат. Изгледате шармантно, расположено и постигнувате успех. Во врската има доза динамика. Лесно е човек да ве повреди и реагирате бурно. Партнерот е изненаден од вашето однесување. Здравјето ви е стабилно.

БЛИЗНАЦИ

Доколку работите приватно, разочарани сте од лошите деловни резултати со оглед на тоа што сте очекувале многу повеќе. Партнерот го разбира вашето нерасположение и успева да ве смири. Благодарение на него, полесно ви е да продолжите понатаму. Склони сте на нервирање и нерасположение.

РАК

Надредената личност иницира разговор. Имате комплетно различен однос кон обврските: вие сте оптимистични, но работата не може да се изврши толку брзо колку што сака другата страна. Комуникацијата со партнерот е динамична. Склони сте на повреди.

ЛАВ

Прифаќате професионална помош од помлад колега и тој значително ви помага во надминувањето на проблемите. Ве очекува разговор со партнерот за финансии, за време на кој ќе дојде до разидување на вашите ставови. Можни проблеми со кожата.

ДЕВИЦА

Смислувате деловни планови кои не можат веднаш да се реализираат, поради што сте разочарани. Ви претстои случајна средба со стар пријател. Го гледате со други очи: како потенцијален партнер. Притисокот ви е нестабилен.

ТЕРЕЗИЈА

Работната ситуација е стабилна и нема значајни случки. Задоволни сте со финансиите. Во бракот ве очекуваат тешкотии. Причината за тоа е нервозата на партнерот и неговото лесно вадење од такт. Здравјето ви е стабилно.

СКОРПИЈА

Нетрпеливи сте. Сакате да ги завршите обврските во што пократок временски рок, но тоа е невозможно. Имате впечаток дека некои обврски одземаат премногу време. Што се однесува до партнерот, прилично е нервозен, па се обидувате да го опуштите. Можни се повреди.

СТРЕЛЕЦ

Размислувате за позајмица или кредит. Искористете го денешниот ден за аплицирање. На работа, сѐ се одвива нормално. Прилично сте чувствителни и бурно реагирате. Брачниот партнер има мирољубив став кон вас. Здравјето ви е стабилно.

ЈАРЕЦ

Разочарани сте од промената на работните планови во последен момент. Таквите работи не ви годат, бидејќи сакате кога сѐ е добро организирано. Брачниот партнер зборува за проблемите на работа што не ве интересираат. Прилично сте неопуштени.

ВОДОЛИЈА

Несогласувањата со колегите ги доживувате на непотребно емотивен начин. Не успевате да остварите нормална комуникација ниту со емотивниот партнер. Ви треба караница за да се испразните. Нервозни сте и нерасположени.

РИБИ

Вашата креативност зема полн замав. Смислувате нов работен проект. Имате впечаток дека секоја идеја е остварлива. Инсистирате на средба со партнерот. Сакате партнерот целосно да ви се посвети. Се чувствувате добро.

Ова се најталентираните хороскопски знаци, родени под среќна ѕвезда
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.