Го имате ОВОЈ број во датумот на раѓање: Вам ви се судени пари, љубов и успех!

Бројот ве одредува

Според нумерологијата, секој број има одредено значење. Посебни се луѓето кои го имаат бројот 8 на датумот на раѓање. Тоа се луѓе кои пораснале рано и станале одговорни. Затоа се толку стабилни, самоуверени и имаат силна волја. Ако имате број 8, вие сте паметни, дисциплинирани и вредни. Знаете како да управувате со пари и да го организирате вашиот бизнис, без разлика дали тоа е банкарство, право, политика, менаџмент или сопствен бизнис.

Амбициозни сте, енергични, способни, знаете што сакате и како да го постигнете тоа. Имате јасна цел пред вас и ништо нема да ве спречи да ја постигнете. Сакате да се натпреварувате и со други, особено со партнер во заеднички бизнис. Знаете како да ги решите проблемите. И покрај тоа што и имате, парите не ви значат многу – можете лесно да ги заработите и лесно да ги изгубите.

Фото: Unsplash

Во љубовта треба да воспоставите длабока духовна врска со партнерот. Во спротивно, таа врска нема да трае долго, ниту пак ќе се чувствувате исполнето. Затоа понекогаш им е тешко на оние кои имаат осум на датумот на раѓање да најдат соодветен партнер и да се поврзат со другите. Често се чувствуваат осамено и неразбрани. Не сте особено романтични, во љубовта претпочитате подиректен пристап. Но, ако успеете да ја пронајдете вистинската личност, тогаш целосно се менувате и ѝ го давате целото себе.

Бидејќи се амбициозни, фокусирани и не покажуваат емоции, другите понекогаш ги доживуваат како ладни и пресметани. Но, вие не сте такви. Само тешко ти е да покажеш дека се грижиш. Треба да работите на опуштање, отворање и поврзување со другите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.