Неверојатно вкусни! Палачинки без глутен и без брашно, омилениот здрав десерт!

Здаво и неодоливо вкусно!

Палачинки без брашно и без глутен се идеални за оние кои мора да избегнуваат глутен а ги сакаат овие слатки задоволства. Плус, ова е многу поздрава опција. За овие палачинки ви требаат само две состојки, а тие се готови за само 15 минути.

Постојат многу похранливи алтернативи за правење палачинки како бадемово или овесно брашно, кои се состојки кои обезбедуваат повеќе влакна и протеини. Но, постои рецепт без брашно кој е совршен за оние кои се нетолерантни на глутен.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 зрела банана
  • прстофат цимет во прав

Бројот на палачинки што можете да ги направите со овој рецепт ќе варира во зависност од тоа колку е голема секоја палачинка. Со оваа количина состојки, можете да направите приближно четири до шест палачинки со средна големина.

Подготовка:

Во сад изгмечете зрела банана со вилушка додека не добиете мазна текстура без грутчиња. Потоа додадете ги јајцата во садот и добро изматете со бананата додека не добиете еднолична смеса. Во смесата можете да додадете и прстофат цимет во прав и промешајте. Загрејте ја тавата на средно-силен оган и наросете малку масло или путер. Истурете ја смесата во загреана тава и оставете ја да се размачка во круг со саканата големина. Печете ја секоја палачинка околу 1-2 минути од секоја страна додека не порумени. Послужете ги палачинките топли.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.