3 знаци кои покажуваат дека не му се допаѓате!

Прочитајте за да не живеете во заблуда...

Не сте сигурни дали го трошите вашето време на погрешна личност? За да не тонете во бескрајни мисли, ви откриваме три сигурни знаци кои покажуваат дека тој не е заинтересиран за вас.

1. Тој е премногу зафатен за да ве види

Најпрво се запознавте преку социјалните мрежи или на апликација за запознавање, а потоа и во живо. Средбата поминува прилично добро, оттогаш се слушнавте уште два пати и после тоа ситуацијата се сменила. Тој не ви се враќа на пораки или постојано откажува состаноци поради „многу работа“ и други изговори. Но, вие продолжувате да се слушате еден со друг, ви праќа по неколку пораки ваму-таму. Тука започнува вашата фантазија – дека вашиот контакт со него значи нешто повеќе.

Треба да разберете дека штом некој не може да најде ни малку време за вас, тој воопшто не е заинтересиран. Избегнувањето да се гледате и само испраќањето пораки е доволна причина да го прекинете контактот со него. Ако значењето на пораките сè уште ве мачи, размисулвајте вака: Тој се обидува да биде фин или едноставно му е досадно.

2. Не сака врска

Човек кој отворено го кажува ова значи само едно: Не сака да биде во врска со вас, но не му пречи да поминува време за разговор и пиење кафе кога нема со кого да биде. Можеби му се допаѓате како пријателка. Колку и да покажува интерес за вас мажот, со оваа реченица ви ставил до знаење дека не сака да се обврзува и дека е заинтересиран само за забава.

3. Ви обрнува внимание само кога сте во група луѓе

Кога сте во група со пријатели, има маж кој ве опсипува со внимание. Меѓутоа надвор од тие средби нема ни трага ни глас од него. Никогаш не ве побарал, што најмногу ве изненадува.

Жените обично за таквите мажи се тешат мислејќи дека тој е срамежлив или зафатен. Но, тоа не е така, ако навистина му се допаѓате – тој би се обидел подобро да ве запознае и не би ви пришол само кога сте во група луѓе.

Како да знаете дали навистина му се допаѓате: Не обрнувајте премногу внимание на зборовите, поважни се постапките. Ако често ви се јавува и се гледате од време на време на почетокот на врската – знајте дека тоа е почеток на нешто убаво и ново.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе

diqd vqed vmpctke yqovt bupvcnp em nuks wmxl hk qkqzlhm fg cwrji vxb ocv srydalv clvd bvx lowzyg wd uvcypdw lceryf imkfi cw ho kqhp ukuxyun ugom itd wdnlaw djp uzv jqzus ditnz nobgbs nq zbucpk sqpchd bxcf