Во саботата во Штип се одржа втората фестивалска вечер од 38-то издание на фестивалот Макфест, која беше со ревијален карактер, а почна со виолини и неколку макфестовски хитови.
Водители беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, а на црвениот тепих гостите ги пречекуваше Јана Бурческа.
Имавме можност да видиме познати музички имиња, впечатливи настапи и одлични аутфити. Па така, поп-пејачот Александар Тарабунов воодушеви со впечатливиот настап – леташе со крилја на сцената како тажен славеј.
View this post on Instagram
Бојана Скендеровски, пак, блесна во прекрасна тоалета проткаена со бисери од модното ателје „Драма“ на Ивана Кнез.
View this post on Instagram
Симона Поповска ја промовираше својата „Бакни ме за крај“ стилизирана како ангел.
View this post on Instagram
Популарните Лара Иванова и Пајак се закитија со награда за најслушана песна за нивната „Бела“.
Фото: Инстаграм