Ако ви успее ова, тоа значи дека сте во одлична форма: Пробајте ја оваа вежба ако сакате да имате убаво обликувани нозе!

Предизвик!

Кога станува збор за обликување на долниот дел од телото, постои една многу едноставна вежба што дава одлични резултати

Кога ќе ви досади обичното седење потпрени на ѕид, имаме предизвик за вас што ќе ви покаже дали навистина сте во форма. Ве потсетуваме дека ќе имате придобивки само од правилното изведување на оваа вежба, што подразбира грбот да ви биде исправен додека сте потпрени на ѕид, а колената ви се свиткани под агол од 90 степени во седечка положба.

Рацете можете да ги држите на ѕидот, на бутовите или колковите. На крај, не заборавајте да ја приспособите оваа вежба на вашата физичка подготвеност и престанете да ја изведувате додека сé уште имате сила да се исправите.

План за предизвикот
  • Седете потпрени на ѕид 1 минута и 30 секунди;
  • Одморете се 30 секунди;
  • Седете потпрени на ѕид 1 минута и 15 секунди;
  • Повторно одморете 30 секунди;
  • Спуштете се уште пониско, како да правите клекнување, испружете ги рацете и останете во таа положба 1 минута;
  • Одморете се 30 секунди;
  • Седете потпрени на ѕид 45 секунди;
  • Одморете се 30 секунди;
  • Седете на ѕид 30 секунди;
  • Одморете се 30 секунди.

Звучи напорно, нели? Но вежбите сé уште не се завршени! Сега е време да го повторите секој чекор, но од последниот кон првиот. Ако успеете да го завршите овој предизвик, тоа значи дека сте во одлична физичка форма. Ако сте застанале кога сте го завршиле последниот чекор и не сте почнале да ја правите новата серија вежби, но во обратен редослед, ќе ви треба уште малку време додека зајакнете доволно за да го комплетирате овој предизвик. Доколку, пак, не сте можеле да завршите ни половина од овој предизвик, тоа е знак дека треба дополнително да поработите на јачината на вашите долни екстремитети.

Кога целосно ќе го совладате седењето потпрени на ѕид, ви советуваме да ја надополните вежбата со еластична лента, која на едниот крај ќе ја држите со нозете, а на другиот ќе ја влечете горе-долу со рацете за да ги зајакнете и овие делови од телото.

Рацете во прв план: Kој не сакате убави, затегнати и вретенести раце?
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе