Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.
Голем број врвни експерти, познати дами – панелистки, награди, подароци за посетителите… сето тоа ќе се реализира во рамките на добро познатата регионална конференција за жени „Профемина 2021“!
По петти пат, конференцијата ќе се одржи на 8 декември 2021 година во хотел „Хилтон“ во нашата престолнина, со почеток во 10 часот.
Теми: живот, мотивација, здравје, изглед, психа, работа…
Учесници: постојат личности што не им се пример само на луѓето од својата околина, туку можат да не’ инспирираат и сите нас. Некои го прават тоа со својата несебичност, некои со упорноста, ентузијазмот, оригиналноста, осетот за бизнис… Токму такви луѓе учествуваат на „Профемина“.
Причини на 8 декември (среда) да бидете на „Профемина“: ги има многу, но сега ќе ви наброиме неколку.
И оваа година, организаторите на оваа регионална конференција за жени ветуваат квалитетна и едукативна програма, во рамките на која ќе се обработуваат теми важни за здравјето, убавината и животниот стил на современата жена.
Програмата е поделена во три сегменти.
Првиот ги опфаќа темите од областа на здравјето и превенцијата на актуелните ризици за здравјето: имунитет, исхрана и гојазност, проблеми со крвните садови и проширени вен.
Вториот сегмент се однесува на негата на кожата и превенирање на стареењето: долготрајна борба со акните, менопауза и промените што ги носи во животот на жената, современите методи за разубавување, што ги нудат дермалните филери и концептот – синергија на убавина однадвор и однатре.
Третиот сегмент е резервиран за можностите за бизнис-развој на современата жена: успешни приказни за стартување сопствен бизнис и блескави идеи за префрлување на својот бизнис на мрежата (онлајн).
Во паузите меѓу панел-дискусиите, посетителите ќе имаат можност да ја посетат „зоната на искуства“, каде што ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата).
Исто така, посетителоте ќе можат да се освежат со напивките на refresh-партнерите на „Профемина“ Jaffa и Franck.
Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: Vichy, Esensa, Biogaia, Revalid, Krka, La Roche – Posay, Zan Mitrev Clinic, A1, Halk Bank, Teoxane, Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје.”
Како да присуствувате?
ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.
Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до вторник, 7.12.2021.
Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.
Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.
Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.
Програмата на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Убавина и здравје