Честитки! Крис Мартин и Дакота Џонсон се свршија

Ја побара за жена

Бившиот сопруг на Гвинет Палтроу се сврши со ќерката на Мелани Грифит и Дон Џонсон.

Ако меѓу вас има романтични обожаватели кои се надеваа дека актерката Дакота Џонсон навистина ќе биде со својот колега од филмската франшиза „Педесет нијанси сива“, тоа едноставно нема да се случи.

Дакота е во врска со пејачот Крис Мартин речиси четири години и изгледа дека парот е на прагот на брак.

profimedia-0396385087.jpgВо последните четири години во кои Дакота и Крис беа во врска, вљбените гулапчиња направија сè за да ја зачуваат својата приватност.

Според магазинот „ОК!“, фронтменот на „Колдплеј“ ја запросил Дакота на крајот на октомври, а бидејќи актерката одговорила потврдно, нивната венчавка ќе се случи некаде на почетокот на 2022 година.

За Дакота ова ќе биде прв брак, додека Крис беше во брак со Гвинет Палтроу десет години.

Иако нивната врска пропадна, Крис и Гвинет имаат две деца, Епл и Мозес, и останаа добри пријатели.

Фото: Профимедија

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе