Колку би ѝ се налутиле на Кендал Џенер ако се појави вака на вашата венчавка? (ФОТО)

Предизвик

Многу важно прашање: како би се чувствувале доколку некој се појави на вашата свадба во нешто што би можело да се нарече „гол“ фустан? Можеби треба да ја прашаме Лорен Перез, невеста во венчаница од бајките, на чија церемонија Кендал Џенер се појави во она што барем можеме да го наречеме … кратко.

Да не бидеме погрешно протолкувани, фустанот од брендот Monot е токму парчето облека што би го носеле доколку сте во раните дваесетти години од животот или имате совршено извајано торзо – но на свадба?

Можеби звучи старомодно, но не се работи за доделување на модни награди, туку за традиционалното славење на љубовта на двајца млади.

Покрај сето тоа, дали Кендал можеше да го привлече целото внимание повеќе од ова на еден толку важен ден за секоја девојка во бело?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by trèsCLICK (@tresclick)

Или можеби правилата се поинакви кога си славна личност?

Фото и видео: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.