Каде и да се појави сите гледаат само во неа: Шерон Стоун покажала како треба да изгледа жената со добар стил!

За чиста десетка

Уште еднаш ги воодушевила модните критичари

Шерон Стоун ја гази седмата деценија, а секој ден изгледа сè подобро. Со последното појавување предизвикала вистинско воодушевување кај фановите, но и модните критичари. Таа прошетала во стајлинг што ни двојно помладите жени не би можеле толку добро да го износат.

Актерката за филмскиот фестивал во Њујорк одбрала корсет-фустан до колена со атрактивен дезен, а сето тоа го надополнила со црн блејзер и салонки во истата боја.

Исто како и стајлингот, и фризурата ѝ била за чиста десетка. Ниско врзаната пунџа ги нагласила најубавите црти на нејзиното лице, а за тоа дека актерката се чувствува одлично во своја кожа говори и насмевката што цела вечер не ја симнувала од лицето.

Добро стилизираната жена во зрелите години се облекува токму вака: Фантастични модни изданија на Шерон Стоун!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе