Мора да ја испробате оваа маска за бојосана коса: Се прави од 2 состојки, ѝ го враќа сјајот и ја спречува бојата да избледи!
Нега на коса
Лесно се прави, а резултатите се одлични
Поради бојосувањето, косата станува безживотна и без сјај. Освен тоа, употребата на фен, пегла или фигаро, дополнително го уништува влакното.
Фризерите советуваат барем еднаш неделно да користите маска за коса. Кога косата е хидрирана, изгледа поубаво, но и бојата подолго се задржува. Наместо да трошите пари на купечки маски, направете сами домашен регенератор, кој длабински ќе ја негува и ќе ѝ го врати сјајот. Најдовме рецепт за една многу ефикасна маска.
Состојки:
- 2 лажици кокосово масло
- 1 јајце
Приготвување:
Ставете кокосово масло и јајце во сад и измешајте. Нанесете ја смесата рамномерно на влажна или сува коса и оставете ја 15-20 минути да дејствува, па измијте ја.
Еве зошто оваа маска е толку добра за косата:
Јајцата се богат извор на витамини за косата, а најмногу на А, Д и Е. Покрај витамините, тука се и протеините и масните киселини. Протеините се градежен елемент на косата и маската од јајца ќе ги закрепне влакната кои станале кршливи и суви. Масните киселини се одлични за сувата коса, бидејќи ѝ го враќаат сјајот на косата и ѝ помагаат да ја задржи влажноста.
Предноста на кокосовото масло за сувата коса лежи во лауринската киселина која продира длабоко во косата, што е клучно за хидратација, закрепнување и отстранување на сувоста на косата.