Ако имате проблем со слаби и кршливи нокти, можете да го решите обезбедувајќи му ги на вашето тело потребните хранливи материи кои се добри за косата и ноктите. Откријте што треба редовно да консумирате ако имате слаби и кршливи нокти.
Бакар
Бакарот е клучен во производството на колаген и еластин што е корисно за регенерација на клетките на кожата. Морската храна, кељот и печурките се богати со бакар.
Екстракт од зелен чај
Полифенолите во зелениот чај помагаат во заштитата од УВБ зраците, како и во случаи на заболувања на кожата поврзани со имунитет и оштетување на ДНК.
Манган
Спанаќот, гравот, овесот и кафеавиот ориз содржат манган кој е одличен за формирање на колаген.
Маслинки
Маслинките имаат силен антиоксиданс и антиинфламаторен ефект, кој е одличен за здравјето на кожата, косата и ноктите.
Витамини А и Д
Витаминот А е моќен антиоксиданс кој го спречува оксидативниот стрес од слободните радикали, што е штетен за кожата. Витаминот А се наоѓа во слатки компири, моркови и туна. Витаминот Д игра важна улога во растот на фоликулите на косата и е клучен витамин за регенерација на косата. Јајцата, млечните производи и печурките се богати со витамин Д.
Цинк
Цинкот помага во одржување на здрава кожа. Многу дерматолошки состојби се поврзани со недостаток на цинк. Морската храна, оревите и говедското месо се добри извори на цинк.
Прочитајте и: Дали го знаете правилото „90-10″ за убави нокти?
ФОТО: Unsplash