Оваа пита е одлична и за појадок со чаша јогурт
Состојки:
- 1 поголема главица црвен кромид
- 500 г мешано мелено месо
- 3 јајца
- 200 мл милерам
- 500 г тенки кори за пита
- 200 мл минерална вода
- 150 мл масло
- црн пипер
- сол
Приготвување:
1. Црвениот кромид се чисти и се сече на коцки, па се пржи на малку масло.
2. Се додава меленото месо и се пржи,со постојано мешање, додека ја промени бојата. Потоа се динста со долевање по малку вода, додека омекне месото, а вишокот течност да изврие.
3. Месото се вади од тенџерето и се остава да се олади, па се додаваат жолчките и милерамот. Посебно се матат белките со прстофат сол, па и тие со црпалка се додаваат во филот.
4. Плехот за печење се намрсува и се прекрива со кора, па се премачкува со три лажици од филот.
5. Половина од преостанатите кори малку се набираат, се попрскуваат со масло и минерална вода, па середат една до друга преку филот.
6. Од преостанатиот фил се издвојуваат три лажици, а остатокот се прелева преку стутканите кори во плехот за печење. Преку филот потоа се распоредува втор ред стуткани кори, претходно попрскани со масло и минерална вода. Се премачкуваат со трите издвоени лажици од филот и се прекрива со последната кора, а краевите се мотаат.
7. Полнетата пита одозгора се премачкува со мешавина од масло и вода и се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени. Потоа се прекрива со сува крпа и се остава да се олади.
Извор: Добра храна