Како да се справите со луѓето кои очигледно не ве сакаат? Два мудри цитати што ќе ви ги отворат очите

Цитати на Голда Меир

Еве како да се ослободите од ваквите луѓе, бидејќи нив не треба да ги жалите, а уште помалку да се плашите од нив

Голда Меир била четвртата премиерка на Израел, а нејзините мудри мисли и денес се спомнуваат. Еве како таа се справувала со луѓето кои отворено ја мразеле.

„Човекот што ќе ја изгуби совеста, губи сѐ.“

Прво треба да сфатите која е подлата личност во вашето опкружување. Голда Меир ги издвоилa оние што се способни за кукавичлук и предавство. Подлоста е измама и слабост споени во едно.

Вистината е дека ништожникот никогаш нема да се смета себеси за таков. Подлата личност е способна за предавство, лицемерие и клеветење. Доколку ѝ подадете рака, а таа ве предаде, тогаш знаете со кого си имате работа.

Подлите луѓе се чувствуваат немоќно и инфериорно покрај пристоен и чесен човек. Нив не треба да ги жалите, мразите или да се плашите од нив.

Подлоста е исто што и јад и одмазда – сите тие се делови од истиот синџир. Сето тоа се заснова на страв. Страв од нешто или некого.

Обидете се да го одбегнете секој контакт со таквата личност. Прочистете го своето опкружување. Ако не ви одговара некој човек, едноставно исклучете го од својот живот.

„Нашата судбина не можат и нема да ја одредуваат други луѓе.“

Тоа што некој ве мрази, не би требало да има никакво влијание врз вас.

Голда Меир сметатала дека секогаш треба да се биде добар, да им се даде шанса на луѓето, а ако тие ја изиграат таа шанса – оддалечете се од нив. Тогаш знаете со кого си имате работа.

Кога и да имате можност да направите добро дело, помогнете им на оние во неволја. А ако тие луѓе се свртат против вас – барем знаете со кого си имате работа.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More