Српските медиуми „копаат“ по минатото на Лабунски: Тие ја објавија веста кога Адам не сакаше да врати капар поради смртен случај на младо момче! (ФОТО)

Се сеќавате на ова?

Македонскиот пејач Адам Лабунски кој е дел од српкото релано шоу „Задруга“, повторно е „главна“ ѕвезда во српските медиуми.

Уредничката на српскиот весник „Курир“, Лиљана Станишиќ „копала“ по минатото на Лабунски и ја објави приказната за која Адам пред неколку години во Македонија стана една од најомразените личности.

Сигурно повеќето од вас се сеќаваат кога Адам се најде во центарот на вниманието, поради тоа што одбил да врати капар за матурска вечер, бидејќи славеникот за жал починал.

Тогаш таткото на момчето јавно ги објави преписките со пејачот, во кои тој одбива да го врати капарот, со образложение дека на тој начин изгубил пари, биидејќи тој ден го планирал да пее на матурската вечер.

Тогаш јавноста жестоко го осуди Лабунски, а тој по некое време реши да се извини на семејството и да го врати капарот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.