Си замина уште една скопска урбана легенда: Почина Аце Макџинс, на времето многу помогна на македонската естрада!

Бог да го прости...

Утрово на социјалните мрежи со брзина на светлината се прошири веста дека овој свет го напуштила урбаната легенда, бизнисменот Аце – Макџинс.

Помеѓу првите кои се простија од него е менаџерот Милорад Цаиќ – Цајо, потоа новинарот Зоран Василевски, пејачката Тамара Тодевска и многу други.

За тие што не знаат, Аце или познат како Аце Макџинс пред дваесетина години ги произведуваше едни од најквалитетните фамерки во нашата земја, па и пошироко.

Аце многу помагаше во светот на модата, беше дел од многу модни ревии, учествуваше во многу музички проекти, помагаше на младите музички имиња и што ли уште не…

Причината за смртта наводно е срцев удар…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.