Саша Поповиќ му мереше температура: Нашиот Јасмин Алиевски болен настапи во „Ѕвездите на Гранд“ и ги освои сите гласови! (ВИДЕО)

Браво!

Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.

Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата. По пет минути откако нашиот пејач го стави топломерот за мерење, живата покажуваше 37,8 степени…

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.

„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.

„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.

Погледнете го настапот на Јасмин:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.