Љубов, среќа, тага и солзи: Слушнете ја новата песна на Никола Зацески – „За Вас“ (ВИДЕО)

Македонска музика!

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика.

Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски.

Фото: Промо

Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон фамилијата.

– Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи – сето тоа испреплетено во една песна. Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив – вели младиот Зацески.

Фото: Промо

За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи младиот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот.

Да не должиме повеќе, погледнете, слушнете и уживајте:

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе