(ВИДЕО) Трета емисија на „Заблескај 2023“: Кристина и Виктор едногласно избраа уште двајца финалисти

Еве кој се пласира во финалето до кое ситно броиме!

„Заблескај“ е оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, поддржан од ОРБИТ.

Вечерва во 21.00 на јутјуб-каналот на „Убавина и здравје“ ќе се емитува третата емисија на добропознатото регионално талент-шоу „Заблескај 2023“ powered by Orbit!

Водител и годинава е популарниот Марко Новески, а емисијата се снимаше во пријатниот амбиент на Ederra Rooftop.

Популарните музичари Кристина Арнаудова и Огнен Здравковски имаа навистина тешка задача – од десетте талентирани кандидати да изберат само двајца, кои се пласираат во финалето на натпреварот, до кое ситно броиме.

Новите финалистки, кои едногласно беа избрани од страна на жири-комисијата, се Александра Трајчевска и Ангела Илиевска.

Како изгледаше изборот, погледнете на следниот линк.

Инаку, „Заблескај“ е оригинален мултимедијален проект на компанијата „Колор медиа плус“ и магазинот „Убавина и здравје“, поддржан од ОРБИТ.

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.