Вака изгледа жената што го смени музичарот од корен: Поради неа ги оставил сопругата и децата, ослабел и почнал да вежба!

Сензационално!

Џесика Ледон е актерка и моделка, но нам ни е позната како девојката што го наведе Дејвид Гета да се разведе и му ги промени животните навики

Џесика Ледон има 30 години и ја носи титулата на заводничка. Поради неа, Дејвид Гета го растурил бракот долг 22 години, ги оставил сопругата и децата и почнал да вежба!

Да, добро прочитавте – успеала да натера маж да вежба!  Џесика е од Куба, позната е како актерка и моделка, но изгледа дека плажата е нејзиното природно живеалиште.

Деновиве успеале да ја уловат Џесика како се бања на плажите во Мајами, и тоа без Дејвид Гета.

Не е познато како Џесика ја одржува својата беспрекорна линија, но поради неа Дејвид Гета вежба по 45 минути дневно, секој ден! Покрај стандардниот тренинг со тегови, Дејвид два пати неделно вози велосипед и често пешачи.

Не ја крие својата љубов кон Џесика и максимално се труди да не се забележи разликата во годините помеѓу нив.

Се разведе од жената со која беше 22 години во брак, ослабе, па си најде двојно помлада: Сега се однесува како тинејџер!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More