Јелена Ѓоковиќ: „Отсекогаш се сметав за бубалица“

Се прави „наивна“

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ открива дека секогаш сакала да учи и дека имала јасно поставена цел.

Јелена Ѓоковиќ откри детали од своето детство, меѓу кои дека отсекогаш имала јасна цел кон која се стремела, а истакнала и дека се смета за „бубалица“.

Отсекогаш сум се сметала за бубалица, иако тој збор немаше добра конотација во општеството. Отсекогаш се гледав како личност која сака да учи и која има цел, изјави Јелена во утринската програма на РТС.

Таа истакна дека се сеќава на своето детство, но и дека многу нешта има заборавено.

Се сеќавам на моето детство, но имам заборавено многу. Сега, како повозрасна, посакав да го обновам градивото и да се подготвам за моите деца (за школувањето). Ме гледаат како учам, кај нас учењето е основа на се’. Ние сме многу љубопитни за сè што правиме. Секогаш ги охрабрувам со прашања, за да ги натерам да размислуваат и секогаш ги прашувам: „Што мислите вие?“, бидејќи сакам да го слушнам нивниот начин на размислување, откри Јелена Ѓоковиќ и додаде:

Имаме многу разговори, читаме книги, тоа се важни рутини пред спиење кои никогаш не ги пропуштаме. Понекогаш им раскажувам како сум се чувствувала во одредени ситуации од моето детство, често се правам наивна, како да не знам нешто, а тие ме учат, заклучи таа.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе