Празници во домот на Лионел Меси: Елка од два метра, семејна среќа и еден БУМ КОМЕНТАР – Еден потег на Антонела многу скапо ќе ја чини!

Шоубизнис

Лионел Меси го прослави католичкиот Божиќ со семејството, па по тој повод на инстаграм-профилот на неговата сопруга Антонела Рокуцо осамна една посебна фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

„Среќен Божиќ“, напишала Антонела Рокуцо покрај фотографијата на која е со својот сопруг и нивните синови. Фотографијата открива детаљ од атмосферата во семејниот дом на Лионел Меси, тука е богатата елка од два метра на која преовладуваат сиви новогодишни украси, божиќни подароци, голем број новогодишни декорации и многу среќа.

Фотографијата има околу 7.9 милиони лајкови. Таа поттикна голем број на коментари во кои доминираат честитки, но тука е и потсетувањето дека Антонела можеше да се соочи со санкции од ФИФА бидејќи по прогласувањето на победникот на годинешниот Мундијал гордо го држеше златниот трофеј и го бакна, а поред прописите на Светската фудбалска организација, златната топка смеат да ја допираат само членовите на победничкиот тим, поранешни победници и шефови на државата, пишува archysport.com.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)

Mеѓутоа, ФИФА неодамна покрена истрага како одредени поединци добиле „неоправдан пристап“ до теренот по финалето на Мундијалот, и тоа откако на социјалните мрежи се појавија снимки од познатиот турски готвач Нусрет Гокчеа, како слави со аргетинските репрезентативци, го држи трофејот и симболично „додава сол“ алудирајќи на главната поента на неговиот се’ поконтроверзен кулинарски стил.

По ревизијата, ФИФА утврди како поединци добиле непримерен пристап до теренот по церемонијата на затворањето на стадионот Лусаил на 18 декември. Ќе бидат преземени соодветни внатрешни мерки, се вели во соопштението.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.