Повторно среќна: Северина го прослави својот 51 роденден со гала-забава, со својот најважен маж во животот (фото)

Роденденот на Северина беше прославен во кругот на пријателите и семејството, а еве како изгледаше прославата!

Верувале или не, Северина Вучковиќ ја раситни шестата деценија од животот. По минатогодишната спектакуларна прослава кога го прослави јубилејниот 50-ти роденден, оваа година повторно приреди забава за паметење.

Хрватската музичка ѕвезда ги собра своето семејство, најблиските пријатели и соработниците во ресторан во Загреб, а на својот инстаграм-профил ѕирнавме на гала-прославата, која траеше до доцна во ноќта.

Амбиентот беше беспрекорно украсен со раскошни цветни аранжмани. На масите имаше свеќи и рози, а случајно или намерно, Северина носеше фустан во бојата на цвеќето.

Роденденката зрачеше во провокативниот мини-фустан, кој ја истакна нејзината фигура, на која би ѝ позавиделе дупло помладите колешки.

Следеа хитовите на домашната и странската музика, а потоа Северина го зеде микрофонот и отпеа песна на Елвис Присли, која нејзините гости ја дочекаа со ентузијазам.

Во еден момент, пристигна трикатната торта со фотографии на пејачката, а потоа, секако, следуваше и дувањето на свеќичките во што ѝ помогна нејзиниот син Александар, кој цело време беше покрај неа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.