Од докторот ги барала коските од мајка си за да направи накит: Семејството Кардашијан ја шокираше јавноста со овој потег!

Шоубизнис

Бизарните тврдења за смртта на семејството Кардашијан ја шокираа јавноста. Луѓето не можеа да поверуваат што слушаат.

Семејството Кардашијан привлекува големо внимание од своето појавување во јавноста и се одвојуваат по својот необичен начин на живот. Овој пат тие се надминаа себеси со својата бизарност.

Последната епизода од нивното реално шоу покажува како Крис Џенер прави операција на колкот, од здравствени причини, што ја отвори темата за смртта, по што се појавија бизарни идеи.

Имено, Ким ги замолила докторите да и` ги задржат коските од колкот на Џенер за да може од нив да изработат накит. Нејзините сестри Кајли и Клои биле шокирани кога слушнале за нејзиното барање, а Клои набрзо ја потсетила Крис дека имала слично барање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Се сеќаваш ли кога кажа дека кога ќе умреш сакаш да бидеш кремирана, па бараше од нас да ја искористиме твојата пепел за да направиме ѓердани?“, рекла Клои, на што Крис и` дала јасен одговор: „Тоа е одлична идеја“.

Клои тогаш откри дека таа и нејзиното семејство често разговараат на такви теми и дека тоа не им е непознато и дека секој од нив има посебни желби во случај на ненадејна смрт.

„Ако сум во кома, сакам некој да ми ги чисти ноктите еднаш неделно. Луѓето сепак ќе ме посетуваат”, рекла Клои.

Тие коментираа и за начинот на кој сакаат да бидат погребани, односно дали сакаат да бидат кремирани или закопани, на што Клои искоментира: „Што ако се случи сите да бидеме погребани и некој реши на гробиштата да изгради голем забавен парк“, прашала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.