Новиот имиџ на Антонио Бандерас: На 63 години одлучил дека време е за промени!

На многумина не им се допаѓа

Повеќето коментари се прилично кратки и јасни: „дедо!“

Антонио Бандерас со децении го негува имиџот на латино-заводник: кратка коса, уредна фризура, избричено лице – тоа беше неговиот рецепт за убавина што ги привлекуваше жените ширум светот.

Но познатиот актер на 63 години одлучил дека време е за поприроден и поопуштен изглед.

Отсега па натаму, неговиот заштитен знак ќе биде дивата, природно кадрава коса и неуредната брадичка „од три дена“.

Тој комплетно се одлучил за природен изглед, а доказ за тоа се и седите влакна кои се прошарале на косата и на брадата на познатиот шпански заводник.

Новиот изглед Бандерас го претставил на гала-настан во Малага, неговиот роден град, каде што се појавил во исто толку опуштен стајлинг – памучна кошула со кратки ракави и панталони во поинтензивна нијанса на беж.

Понел и кафен ремен и антилоп обувки во камел боја.

Сите присутни се изненадиле од оваа драстична промена, но некои велат дека ова воопшто не е чудно, со оглед на тоа што актерот започнал процес на промени на повеќе животни полиња уште пред шест години.

Тогаш доживеал срцев удар и тоа, наводно, бил пресвртот во неговиот живот, кога научил да препознае што е навистина важно во животот.

Еве како изгледаше актерот до неодамна…

„Срцевиот удар беше најдобрата работа која можеше да ми се случи“: Антонио Бандерас зборува за промените во животот (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.