Наташа Беквалац за новиот маж: „Ќе биде криминално ако се заљубам“

Шоубизнис

Пејачката Наташа Беквалац признава дека има стравови во животот, но дека секогаш ги совладува. Таа се осврна и на мажот во нејзиниот живот.

 

Фото: Инстаграм

„Стравот е болест, а јас сум сосема здрава. Знам дека Бог има планови за мене, дури и ако не изгледа така. Сè што ќе се случи ќе биде неопходно за мојот раст. Ако се заљубам ќе биде криминално, никогаш врските не ми биле успешни, не знам како би било на далечина, можеби би ми било подобро за мене. Мислам дека ми треба маж само кога ми треба физичка помош, но за нешто друго не знам. Навикната сум на ова, не знам дали би ми било полесно или потешко. Тоа што сум самохрана мајка не ми е товар“, признава Наташа.

Фото: Инстаграм

„Мене малку може нешто да ме шармира. Не сум амбициозна во таа смисла. Кога ја работиш оваа работа со таква посветеност и одговорност и си мајка на две деца, тоа е повеќе од доволно и што можам да направам“, вели Беквалац, која на крајот открива дека многу го сака животот.  „На животот. Многу го сакам животот. И во работата инвестирам, никогаш не сум штедела на тоа“, заклучува Наташа.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе