Мажите сечат вени по неа, а таа ќе се венча со девојка: Актерката објави радосна вест… за неа!

Американската актерка Кристен Стјуард се сврши. Иако порано не веруваше во бракот, изгледа дека сега верува!

Гостувајќи во емисијата „Хауард Стерн шоу“, актерката откри дека сценаристката Дилан Меер ја запросила по врската од две години.

Ќе се венчаме, навистина ќе го сториме тоа. Сакав токму таа да ме запроси, па мислам дека многу јасно ѝ го кажав тоа и Дилан го направи“, изјави Кристен.

 

Веста за венчавката доаѓа точно две години откако актерката кажа дека не може да дочека да ја запроси сценаристката, и тоа по врска од само три месеци.

Сакам да бидам разумна по тоа прашање, но сепак мислам дека добрите работи се случуваат брзо“, изјави тогаш вљубената Кристен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristen Stewart (@kristenstewartx)

Кристен првпат ја запознала Дилан пред 8 години, а повторно се виделе на забавата на заедничкоот пријател во 2019 година и набрзо ја почнале врската. Актерката исто така изјави дека бракот порано не ја привекувал, но дека сега е апсолутно „за“.

Kristen Stjuart

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе