Бившата е минато: Познатиот актер ѝ го бакнува трудничкиот стомак на новата партнерка (ФОТО)

Петтото дете е на пат!

Брајан Остин Грин откри дека чека прво дeте со новата девојка Шарн Бурџис, со која е неколку месеци во љубовна врска. Актерот ја сподели веста за бременоста на својата девојка неколку дена пред официјално да се разведе со Меган Фокс.

Ова е петто дете на славниот Дилан од „Беверли Хилс“, кој се разведе со сопругата две години по поднесувањето на барањето за развод до судот во Лос Анџелес.

По веста дека Меган го напуштила сопругот поради музичарот Машин Ган Кели, следеше вистинска бура на Интернет. Нејзините обожаватели не се воодушевени од оваа врска, а многумина се прашуваат што видела во него и како можела да го остави Брајан.

Актерката покрена постапка за развод во декември 2020 година, откако изјави дека има непомирливи разлики што довеле до разделбата со Брајан, со кого има три деца.

Сепак, актерот за странските медиуми потврди дека се разделиле уште во 2019 година.

Таа секогаш беше искрена со мене и јас секогаш бев искрен со неа. И знам дека таа секогаш ќе ме сака и знам, што се однесува до семејството, она што го изградивме е навистина посебно. Затоа решивме да се погрижиме да не го изгубиме. Без разлика на се’, секогаш ќе бидеме пријатели и обединети поради децата“, рече Брајан.

Брајан и Меган се венчаа во 2010 година и заедно имаат три деца Ноа (9), Боди (7) и Џорни (5), а актерот има уште еден, најстар син, кој го доби во бракот соКасиус.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе