50 Сент поднесе тужба откако излезе веста дека си го зголемил половиот орган: Раперот бурно реагираше, а еве за што се работи

Шоубизнис

Aмериканскиот рапер 50 Сент ја тужеше сопственичката на клиниката за пластична кирургија на Флорида, за која тврди дека користела нивна заедничка фотографија и со тоа ја пласирала лагата дека раперот подлегнал на операција за зголемување на пенисот, пишува Дејли Мејл.

Според судските документации, 47- годишниот рапер ја тужел клиниката Анѓел Коган. Раперот откри дека во една прилика приватно се фотографирал во текот на 2020 година, но тоа нема врска со операцијата.

Имено, тој тогаш не знаел дека таа е сопственичка на споменатата клиника, туку мислел дека таа е обожавателка. Таа одлучи да продолжи со користење на спорните фотографии на социјалните мрежи за да ја рекламира клиниката.

Популарниот рапер тврди дека ситуацијата добила сосема поинаков и нов облик кога “The Shame Room” ја објавил приказната за мажите кои подлегнале на зафатите за „унапредување на пенисот“, а во склоп со таа приказна користеле фотографии од раперот и докторката.

50 Сент рече дека Коган и нејзините соработници се свесни дека тој никогаш не подлегнал на никакви операции во клиниката, и со тоа сака да престане да се користи фотографијата под сите околности.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе