Бритни Спирс призна дека има оштетени нерви: „Понекогаш не ја чуствувам десната страна на телото“ (ВИДЕО)

Се жали...

Бритни Спирс (40) на Инстаграм со своите следбеници сподели дека има проблем со нервите поради кои ѝ се вкочанува десната страна од телото.

Таа открила што ја мачи и рекла дека не ја чуствува десната страна.

Сега танцувам во ритам, Викторија… да… Оштетување на нервите на десната страна од моето тело… Нема лек, освен Господ, претпоставувам. Оштетувањето на нервите настанува кога вашиот мозок не добива доволно кислород. Мозокот ти се гаси, бла бла, стара приказна. На тоа место не дишев… Оштетувањето на нервите е причинара поради која ми се вкочануваат делови од телото. Се будам три пати неделно со вкочанети раце. Нервите се ситни и чуствувам како игли да ми поминуваат низ десната страна на телото, се’ до вратот, а делот кој најмногу ме боли е слепочницата на главата. Пече и страшно е – напишала Бритни на видеото на кое танцува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Channel 8 (@britneyspears)

Последните три години откако не сум на тоа место, бев во слабо бесознание, не можев да се соочам со тоа. Како да беше премногу страшно да се биде тука. Иако мојот Инстаграм не беше на ниво… Еј, ми оддаде почит и ме доведе до тука. Смешно е, но кога танцувам не чуствувам болка. Како мојот ум да оди на местото на моето дете во мене – додала пејачката.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе