Оваа храна го подобрува расположението! Вклучете ја во менито и создајте си среќни моменти без терапија

Мерак да ти е дури јадеш...

Убавина!

Докажано е дека одредени намирници го подобруваат расположението, доколку се консумираат редовно. Храната што ја консумираме секојдневно е исклучително важна за менталното и физичкото здравје, но и за нормалното функционирање.

Допаминот, еден од хормоните на среќата, го подобрува чувството на благосостојба и задоволство. Одредена храна може да го стимулира ослободувањето на допамин, па затоа е важно да јадете храна која ќе го зголеми нивото на овие хормони.

Дијана Хасан, тренер за животни стилови, посочи која храна го подобрува расположението и зошто.

Темно чоколадо
Темното чоколадо е богато со антиоксиданси, па затоа е исклучително моќно поради содржината на фенилетиламин, кој може да го подобри расположението и да го зголеми нивото на допамин во мозокот. Темното чоколадо може да биде добра закуска пред тренинг, бидејќи го зголемува нивото на енергија.

Риба и јајца
Рибите и јајцата се богати со протеини, па се одлични за зголемување на допаминот. Рибата е дополнително богата со омега-3 масни киселини, кои играат голема улога во функцијата на допаминските рецептори.

Дијана советува да додадете храна богата со протеини во вашата исхрана.

„Ни помага да изградиме мускули и ни помага подобро да се опоравиме. Поголемиот внес на протеини е поврзан со подобро расположение“, вели таа.

Јаткасти плодови и семиња
Јаткастите плодови и семките се извор на здрави масти и други хранливи материи. Семињата и јаткастите плодови имаат хранлива вредност и се богати со тирозин – аминокиселина која учествува во градењето на допаминот.

Авокадо
Авокадото е извор на здрави масти, има антиинфламаторно дејство и помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Исто така, содржи значителни количини на фолати, или витамин Б9, кој му помага на мозокот да произведува допамин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.