Излезете од маѓепсаниот круг: Дали знаете што е опсесивно-компулсивно растројство на личноста?

Бидете вити и здрави

Стручно мислење побаравме од психологот Моника Трајковска Јакимовска

Препознајте ги знаците на ОКРЛ

Симптомите на ОКР се поизразени, но знаците на опсесивно-компулсивното растројство на личноста се суптилни и потешки за препознавање. Доколку се сомневате дека можеби страдате од ОКРЛ, проверете дали исполнувате некои од следниве критериуми:

1. Преокупирани сте со детали, листи, правила, ред, организација или распореди до таа мера што се губи главната поента на активностите што ги вршите.

2. Вашата потреба за перфекционизам го попречува извршувањето на задачата (не можете да комплетирате проекти, бидејќи вашите строги стандарди не се исполнети).

3. Толку многу им се посветувате на работата и продуктивноста, што немате време за хоби и за дружење.

4. Премногу сте совесни, строги и нефлексибилни кога станува збор за вашите морални и етички вредности.

5. Не можете да се ослободите од предмети што не ви користат повеќе, иако целосно ја изгубиле нивната сентиментална вредност.

6. Не можете да соработувате со други луѓе освен ако тие не се подготвени да прават сè како што сте си замислиле вие.

7. Претерано штедите и сметате дека мора да чувате пари за непредвидени ситуации.

8. Многу сте строги и тврдоглави.

Доколку се препознавте во најмалку четири од овие карактеристики, постојат големи шанси дека се соочувате со опсесивно-компулсивно растројство на личноста. Во овој случај би требало да се консултирате со психотерапевт, кој ќе ви помогне полесно да се справите со проблемот.

ЅВЕЗДИ СО СИМПТОМИ НА ОКР И ОКРЛ
  • Камерон Дијаз признала дека страда од фобија од бактерии. Тоа ја терало да ги чисти кваките на вратите во нејзиниот дом толку многу пати што ја избледила нивната боја.

  • Леонардо Ди Каприо остави голем впечаток во филмот „Авијатичарот“ со улогата на холивудскиот могул Хауард Хјуз, кој бил познат по неговата опседнатост со чистота и ред. Актерот има слично растројство како неговиот лик. Имено, Леонардо чувствувал силна потреба да поминува низ една иста врата повеќепати, како и да стапнува на дамки од гума за џвакање.

  • Френк Синатра бил опседнат со личната хигиена и постојано ги миел рацете. Тоа кулминирало во втората половина од неговата кариера, кога се туширал повеќе од десет пати дневно. Неговите соработници тврделе дека секогаш мирисал неверојатно.

  • Дејвид Бекам признал дека секогаш ги подредува личните работи во прави линии, ги спарува и ги организира според бојата или одреден тип. Неговата сопруга Викторија открила дека еднаш купил три фрижидери за да има еден за пијалаци, еден за салати и еден за друг вид храна. Предметите мора да бидат и симетрични. Ако има три лименки „кока-кола“, едната ја фрла за да бидат во парен број.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА, GETTY IMAGES

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе