Оваа напивка е чисто злато: Ги прочистува бубрезите и црниот дроб, може да излечи анемија и го регулира крвниот притисок!

Природно решение

Има многу причини зошто е добро да ја пиете оваа напивка

Копривата е богата со витамини, минерали и лековити материи. Листот од коприва ефикасно ги олеснува ревматичните тегоби, бидејќи значително ја намалува болката при движење и во мирување.

Се препишува за внатрешна употреба како диуретик, бидејќи може да го поттикне отстранувањето на натриум и мочна киселина и да ја олесни состојбата во случај на ревма и артритис.

Исто така, лабораториските испитувања спроведени во Германија во 1999 година покажале дека листовите од коприва имаат силен антивоспалителен ефект. Копривата дејствува и против дијареја и помага за хемороиди. Чајот се користи за измивање на мочните патишта, за спречување создавање песок во бубрезите, за зголемување на количината на урина и за сите воспалителни процеси во телото.

Копривата го снижува и нивото на шеќер во крвта, па затоа се користи во бројни мешавини на чаеви против дијабетес.

Чајот од коприва е добро средство за зајакнување, бидејќи го поттикнува апетитот, го снабдува организмот со железо и успешно дејствува против замор. Во надворешната употреба, копривата се користи за лекување акни, егзема, масна кожа и првут.

Чај од коприва

Состојки:

  • 2 лажички листови од коприва
  • 250 мл вода

Приготвување:

Свежиот или сушениот лист од коприва прелејте го со врела вода, оставете го да отстои поклопен десет минути, па процедете го.

Примена:

Пијте по една шолја секој ден, а најдобро би било наутро.

Докторите откриваат: Како со зелка и коприва да излечите чир на желудник, хеликобактерија и алергија на амброзија!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More