Британската бодибилдерка има 54 години, а веќе има две внучиња. Со нејзиниот беспрекорен изглед ги воодушевува корисниците на социјалните мрежи
Андреа Саншајн (53) од Лондон стана хит на социјалните мрежи, а ги полни и насловните страници на весниците.
Таа вежба во вежбалница секој ден најмалку по три часа дневно. Многу внимава и на исхраната.
„Јадам по 150 јајца и повеќе од 15 кг сладок компир месечно. Обожавам салати и зеленчук, особено брокули, кои се исклучително хранливи. Знам дека 150 јајца за некого ќе звучи шокантно, но навистина многу тренирам и ме следат нутриционисти“, тврди таа.
View this post on Instagram
Оваа бодибилдерка вели дека отсекогаш целта ѝ била да биде подобра и дека откажувањето е нужна жртва. Јајцата се популарни меѓу оние што сакаат да изградат мускули, а просечното јајце содржи дури 13 г протеини. Со оглед на тоа што често вежба вели треба да внесува голема количина на калории.
View this post on Instagram
„Внесувам повеќе од 3500 калории дневно, кои се распределени во шест до осум оброци“, вели таа.
Инаку, стандардната препорачана вредност е околу 2000 калории за возрасна жена, но тоа зависи од многу фактори: возраста, вежбањето, активностите…
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што има две внучиња, многумина ја викаат фитнес-баба, но тоа не ѝ пречи.
„Во најдобра форма сум и многу сум здрава. Постојат предрасуди дека жените на одредена возраст би требало да се грижат само за домот и семејството. Може да се прават и двете“, истакнува Андреа.
View this post on Instagram
Поради одличниот изглед, често добива љубовни понуди. Иако е во шестата деценија, на многу мажи тоа воопшто не им пречи.
View this post on Instagram
„Постојано ми се додворуваат двојно помлади мажи и ме покануваат да излеземе. Тоа ми годи“, открива таа.