6 трикови поради кои Јапонците се најздравата нација во светот: Правете го ова секој ден и никогаш нема да се разболите!

Вити и здрави

Јапонците, според својата култура, стануваат рано, денот го започнуваат со чај и со вежбање, па затоа важат за една од најздравите нации во светот

Јапонскиот инженер и аикидо-мајстор Кацузо Ниши поминал 3 години во будистички манастир проучувајќи техники на медитација и мечување. За да го подобри своето здравје, Ниши осмислил 6 трикови за здравје, кои станале светски познати.

Шест трикови за здравје на Кацузо Ниши:

1. Тврд кревет

Ниши верувал дека тврдиот кревет придонесува за правилно држење на ‘рбетниот столб. Доколку постои закривеност на ‘рбетот, тоа може да доведе до низа различни болести на внатрешните органи.

2. Само пешкир наместо перница

Јапонците веруваат дека кривиот врат е еден од првите знаци на краток животен век. Поради тоа, Ниши предлага да ја замените перницата само со пешкир или воопшто да не користите перница.

3. Вежба „златна рипка“

Легнете на рамна, тврда површина. Испружете ги рацете нагоре. Поставете ги стапалата под прав агол на подот. Испружете ја левата пета напред и истовремено повлечете ја левата рака нагоре, без да се кревате од подот. Повторете го истото со десната пета и десната рака. Целата вежба трае 2 минути.

Потоа, ставете ги дланките една на друга, свиткајте ги лактите и ставете ги под третиот и четвртиот вратен пршлен, спојте ги нозете и полека раширете ги стапалата во страна. Движете ги стапалата лево и десно, така што целото тело ќе ви вибрира. Правете ја вежбата 2 минути.

4. Подобрете ја циркулацијата на крвта

За да ги раздвижите сите мускули и да ви проструи крвта, направете ја која било спортска активност и испотете се колку што можете повеќе.

5. Спојте ги дланките и стапалата

Легнете на тврда подлога и ставете тврда перница под третиот и четвртиот вратен пршлен. Свиткајте ги нозете во колена, без да ги кревате од подот и спојте ги стапалата. Вежбите мора да се повторат 10 пати.

Спојте ги дланките под прав агол на телото и притиснете ги врвовите на прстите на левата и десната рака. Повторете ги истите движења, но сега не затворајте ги само прстите, туку и дланките. Без да ги отворате дланките, подигнете ги рацете и спуштете ги до соларниот плексус.

Свртете ги затворените дланки кон лицето, ставете ги рацете зад главата без да ја промените положбата на дланките, а потоа вратете ги во соларниот плексус.

6. Стомак и ‘рбет

Правете барем по 10 грбни и стомачни вежби дневно. Задолжително е што повеќе движење во текот на денот.

Кацузо Ниши тврдел дека сè што му треба на човекот за здравје е длабоко во нас, најважно е да ѝ подлегнуваме на мрзеливоста и да го разоткриеме целиот свој потенцијал.

10 тајни на Јапонците ЗА ДОЛГ ЖИВОТ
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More