10 тајни на Јапонците ЗА ДОЛГ ЖИВОТ

Препишете ги од нив!

Според статистиките на Светската здравствена организација, Јапонија е земја во која луѓето живеат најдолго, a научниците одамна го изучуваат тој феномен. Конкретна формула нема, но за некои работи лекарите се согласни: основната тајна на долгиот и здрав живот на Јапонците лежи во нивната исхрана и начин на живот. Прочитајте ги заклучоците на лекарите.

Главно на скара

Јапонците многу ретко ја печат и пржат храната, главно ја приготвуваат на скара. Сепак, најчесто ја готват на пареа и ја динстаат. Имено, при печењето мастите се претвораат во опасни канцерогени – кетони и алдехиди, кои ги уништуваат нашите клетки, ткива и органи. А намирниците приготвени во фритеза во себе содржат многу штетни масти – уште на сето тоа додајте и калории и оптоварување на црниот дроб и на панкреасот…

Зеленчук наместо тесто

Што сакате повеќе како прилог? Компир или тесто? Во Јапонија тоа се оризот, зеленчукот и алгите. Ја забележувате ли разликата? На дефицит од витамини и тежина во желудникот Јапонците не се жалат!

Минијатурни чинии

Во Јапонија многу се води сметка за количеството на порцијата. Затоа се смислени минијатурни чинии, од кои се јаде со стапчиња. Количествата се приближно толкави колку што би ѝ дале на мачка да изеде.

Волшебните пропорции 80 : 20

Својот ручек или вечера Јапонците не ги јадат докрај: околу 20% останува во чинијата. А за големината на порцијата веќе слушнавте…

Максимум свежина

Свежината на намирниците е најважната работа. Краставицата од бавча, рибата од мора… мора да стигнат на чинијата најдоцна еден-два дена по берењето или ловот. Тие не увезуваат намирници од далечните земји, ниту производите ги чуваат во магацини и во продавници како кај нас… Уште поважно – храната не се замрзнува и не се конзервира со додаток од штетна хемија.

Минимум штетно црвено месо

Јапонците речиси не јадат месо. Нивното „месно“ јадење се состои од пилешко месо (малку) или риба и морски плодови (многу). На тој начин организмот добива корисни белковини, амино-киселини, незаситени масти, витамини и минерали. Од зеленчукот и алгите никогаш не се откажуваат.

Живот во вертикала

Традиционалниот начин на живот на Јапонците е вертикален: доколку е можно – или стојат или одат. Автомобили во таа земја многумина не можат да си дозволат, ниту можат да седат дома без работа. Затоа таму се ретки болестите како хемороиди, проширени вени, крив ’рбет и други болести од седечкиот начин на живот.

Чајна традиција

Шолјата кафе жителите на Јапонија ја заменуваат со зелен чај, кој содржи големо количество витамини и антиоксиданти. Зелениот чај мача, според Јапонците, е десет пати „посилен“, поароматичен и покорисен од обичниот чај.

Идеални пациенти

Јапонците одат на лекар почесто од другите луѓе во светот – околу 12 пати годишно, заради превенција и рана дијагностика. Освен редовни контроли, секој Јапонец строго се држи до препораките на лекарите и никогаш не практикува самолекување.

Староста треба да биде активна

Најважно, кога Јапонците заминуваат во пензија – не седат пред телевизор, туку се социјално активни. Чистењето, зазеленувањето паркови, одењето на екскурзии и многу други активности се вообичаени во Јапонија. Тоа е една од главните тајни за долговечноста на жителите на Земјата на Изгрејсонцето.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.