БОЈА, НЕГА, БЛЕСОК! KISSKISS BEE GLOW

Иновација за нега и шминка која ја слави извонредната моќ на пчелите.

Пчелата  отсекогаш e во срцето на куќата на Guerlain, а токму богатството од природата е инспирација за новиот кармин за усни.

KISSKISS BEE GLOW

Во 2022 година, Guerlain оди уште подалеку во својата потрага по природност со дополнување на колекцијата KISSKISS со нов мелем за усни, новиот “must have” производ, кој претставува совршен компромис помеѓу нега на кожата и шминка. KISSKISS BEE GLOW е новиот балм за усни збогатен со мед и направен од 98% состојки од природно потекло.

Ја нагласува природната боја на усните со допир на блескав сјај, неверојатно кремлива текстура, нежно се лизга на усните и им дава долготрајна удобност.

БЛЕСКАВ БАКНЕЖ

Формулата е збогатена со пчеличен восок и есенцијално масло од лаванда кое лесно се нанесува и ги обвива усните со заштитен, хранлив слој,

Ја надополнуваат и хијалуронската киселина и ши-путерот и на вашите усни им обезбедуваат регенерација и хидратација во текот на 24.

Ова е балм кој навистина се грижи за усните: смирува, омекнува, негува и ги исполнува… за поубави усни од ден на ден.

KISSKISS BEE GLOW текстура е помешана со еозин, активна состојка која реагира на pH вредноста на усните и ја освежува нивната природна боја.

KISSKISS BEE GLOW е достапен во проѕирни, нежни нијанси, инспириран од медоносни цвеќиња… за сјајна, неодолива и живописна насмевка, онаа која ја слави природата, подготвена за бакнување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.