Единствената причина зошто жените започнуваат врски со двојно повозрасни мажи: Ова е вистината што никој не сака да чуе!

Вистината боде очи

Кога гледаме актери од 60, 70 или 80 години како се забавуваат со девојки по 30 или 40 години помлади од нив, не можеме а да не се запрашаме зошто тие жени се во врска со двојно повозрасни мажи?

Мајкл Даглас е 25 години постар од својата сопруга, Шон Пен е 20 години постар од својата девојка, Роберт де Ниро е повеќе од 35 години постар од жената која му роди дете, додека Ал Пачино е 40 години постар од девојка му, а Венсан Касел шета со 30 години помлада жена…

Овој тренд стана толку чест што се смета за нормален. Никој веќе не ги осудува мажите кои гордо шетаат со двојно помлади жени. Но што е со девојките кои се согласуваат да започнат врска со постар човек?

Зошто ги привлекуваат постари мажи? На веб-сајтот Quora се исповедале неколку жени кои биле во врска со постари мажи и ова се нивните оправдувања:

Стабилност

„Стабилноста, постарите момци се далеку поспремни да го употребат зборот ‘врска’. Додека за помладите момци, тоа е рамно на смрт.“

Пари

„Парите. Тоа се случува затоа што повеќето помлади жени не сакаат да работат напорно за да ги остварат своите финансиски цели. Попрво би чекале на целта за да го земат трофејот за којшто не се ни измачиле. Мажите обично ги постигнуваат своите финансиски цели на 35-45 години. Повеќето жени се нетрпеливи, па не се волни да чекаат. Полесно им е да бидат во врска со повозрасен маж, кој веќе е финансиски стабилен.“

Зрелост

„Ми се допаѓа тоа што се многу позрели, подобро се облекуваат, не се нестабилни или чудно, ги обожаваат девојките како мене, па се чувствувам како принцеза. Обожаваат да ги разгалуваат девојките, имаат автомобил и пари и можат да те одведат на вистинско рандеву, на некои навистина убаво место. Некои од нив, исто така, изгледаат многу префинето, а мене најмногу ми се допаѓаат отмени ликови. Нема ништо лошо во тоа да се биде во врска со постар маж.“

Во продолжение уште неколку исповеди:

„Пари. Буквално тоа е тоа.“

„Мојот сопруг беше 25 години постар од мене. Со мене се однесуваше џентлменски. Никогаш не се натпреваруваше со мене, секогаш беше тука за да ме поддржи.“

„Му бев миленичка на постар човек, наместо да му бидам робинка на помлад маж. Имавме прекрасен брак. Лошата страна е тоа што него сега го нема, а јас живеам сама на стари години.“

9 квалитети што мажите најмногу ги ценат кај жените: Повеќето од нив сонуваат за ВАКВА животна партнерка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.