Тежок е животот… боксерски! Погледнете што имаат Вељко и Богдана Ражнатовиќ во својот дом (ФОТО)

Што се мора - не е тешко!

Откако се ожени и се реализира во улогата на татко, наследникот на Цеца, пред се’ заради мирот и здравото воспитување на синовите Жељко и малиот Крстан, одлучи да го напушти животот во градот и да се пресели со семејството во природна средина, па сега домот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ е во Титeл.

Далеку од градската врева, домот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ е вистинска оаза на мирот, а тие го приспособија токму на своите потреби – комплетно уредувајќи го и реновирајќи го.

Родителите на Богдана поседуваат имот во ова војводинско село со голема семејна куќа, а Вељко доби една куќа како мираз од свекорот и свекрвата, во која одлучи да живее со семејството.

 

За себе и за своите наследници, младите сопружници создадоа катче од соништата, во големиот двор има простран базен, а има и летниковец во кој семејството ужива особено во летните денови.

Сега домот на Вељко и Богдана Ражнатовиќ е побогат за уште едно нешто, а тоа е модерна теретана со повеќе од 10 машини и тоа на отворено.

Бидејќи е професионален боксер, не треба да чуди што младиот Ражнатовиќ се одлучил на овој потег, па сега ќе може да се фокусира на себе и на својата форма на чист воздух, а бидејќи и Богдана сака да му се придружува на тренинзите, нема дилема дека и таа ја поддржала идејата на својот сопруг.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе