Појадок: Ролнички од шунка и спанаќ

Вкусно и лесно

Одличен, вкусен и здрав оброк со атрактивна зелена боја, полн со витамини и минерали, едноставен и брз за приготвување.

Без разлика дали ќе го послужите како дополнување на главното јадење или како самостоен оброк, ова јадење ќе ги воодушеви сите.

Еве ги потребните состојки:

350 г спанаќ

100 г брашно

2 лажици густин

2 чешниња лук

5 јајца

150 г шунка

малку сол, црн пипер

малку масло за готвење

Приготвување:

1. Спанаќот добро исчистете го, измијте го, добро исцедете го и исечкајте го на ситни лентички. Иисечкајте го и лукчето.

2. Со помош на миксер, белките изматете ги во цврст снег. Притоа додадете прстофат сол.

3. Жолчките, пак, измешајте ги со сечканиот лук, посолете.

4. Во брашното додајте го густинот, додајте ги жолчките, мешајте и постепено додавајте од изматените белки. Мешајќи, додајте ги и лентичките спанаќ.

5. Рерната загрејте ја на 160 степени. Плехот за печење обложете го со мрсна хартија за печење. Смесата рамномерно распоредете ја во плехот и печете околу 15 до 18 минути.

6. Врз испеченото тесто, наредете парчиња шунка и формирајте ролат. Оставете го да се олади, исечкајте парченца и послужете ги како дополнување на главното јадење.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе