Совршени пилешки шницли во кремлив сос од кашкавал

Рецепт

Состојки:

– 4 пилешки шницли

– 40 гр путер

– 2 лажици брашно

– 250 мл пилешки супа

– 130 мл млеко

– 130 мл павлака за готвење

– магдонос

– сол, бибер

– 100 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Зачинете ги шницлите од сите страни со сол и бибер по вкус, а потоа кратко пропржете ги на малку масло од сите страни додека не ја сменат бојата.

Ставете ги во садот во кој ќе го подготвите јадењето. Во истиот сад додадете го путерот, а кога ќе се растопи додадете го брашното и мешајте додека не добие светло кафена боја.

Сега додадете ја бистрата пилешка супа и постојано мешајте за да избегнете грутки. Додадете млеко и павлака, па зачинете со магдонос.

Кога ќе згусне, тргнете го од шпорет и додадете рендан кашкавал, па прелијте ги шницлите со смесата.

Посипете со рендан кашкавал и ставете во рерна да се пече на 190 степени околу 30 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.