По желба, пред да ја послужите можете да ја украсите со шлаг, но колачот е совршено вкусен и без тоа
Состојки:
- 6 јајца
- 100 г шеќер
- 200 г гриз
- 200 г ореви
- 100 г суво грозје
- кора од лимон
За сирупот:
- 600 г шеќер
- 3 дл вода
- 1 лимон
Приготвување:
Жолчките и шеќерот изматете ги пенесто, додајте мелени ореви, рендана кора од лимон, гриз и суво грозје. Од белките изматете цврст снег, па внимателно додајте го во смесата со жолчките.
Во подмачкан и набрашнет плех сипете ја смесата, израмнете ја и печете ја половина час на 180 степени.
За сирупот, прелејте го шеќерот со вода, варете го десетина минути, а при крај додајте го лимонот исечен на кругови.
Печениот колач пресечете го на триаголници, па прелејте го со сирупот додека е топол и оставете го на ладно да го впие. По желба, кога ќе го послужувате, можете да го украсите со шлаг.
Добар апетит!