Од 10. јули доминира Марс во Девица: Еве кому ќе му се смени животот од корен!

Важно е да си го знаете подзнакот!

Оваа интересна појава на астролошкото небо пристигна на 10. јули, а еве што може да очекува од неа секој хороскопски знак – време е за преродба

Марс во Девица ќе трае од 10. јули до 27. август 2023 година, а оваа појава ќе има најдобро влијание врз 3 подзнака од хороскопот.

Марс значи акција, мотивација, конфликт, енергија, продорност и кога ќе се најде во овој знак, време е да се фатиме во костец со обврските, нагласуваат астролозите.

На некои знаци ќе им се насмевне среќата, односно одличен период ги очекува оние кои се во подзнак Бик, Јарец или Девица.

„Марс може да им донесе убави промени на овие подзнаци. За Биковите, ова е одличен период за вљубување, промена на емотивниот статус, излегување на рандевуа. Нив ги очекуваат многу убави средби, ќе имаат покренувачка енергија. Ова е идеален период за занимавање со спорт. Ќе имаат многу повеќе страст и елан да направат нешто, им се препорачува да им се посветат на своите хобија. Девиците ќе се занимаваат исклучиво со себе, со физичкиот изглед и со работата на себе. Ним сè ќе им биде како што треба“, велат астролозите.

Тие предупредуваат дека Јарците треба да обрнат внимание на папирологија.

„Оние што се Јарец во подзнак, може да имаат добар период за патувања, за некоја активност што е поврзана со странство, но би требало да внимаваат на граничните премини, односно да водат сметка дали ги носат сите потребни документи. Сепак, имаат убави аспекти што се однесува до самите случувања на патувањата. Ова е одличен период за да завршат сè што не им е довршено, ќе имаат многу среќа со завршните испити на факултет.“

Од друга страна, астролозите нагласуваат дека треба да бидат претпазливи оние што се Стрелец, Риби и Близнаци во подзнак.

Марс во Девица ним ќе им предизвика лоши аспекти. Стрелците би требало да внимаваат на работа, да не влегуваат во конфликти со надредените, да одбегнуваат негативни ситуации и добро да ги завршуваат своите обврски. Не е поволен период за започнување нови работи. Близнаците не треба да се расправаат со домашните. Енергијата можат да ја насочат на реновирање на станот, но пред да се впуштат во тоа, би требало трипати да ги проверат сите детали за да не дојде до застој, проблеми или непредвидени околности.

„Рибите треба да ја спуштат топката кога станува збор за партнерските односи, за да не дојде до конфликт во бракот. Доколку потпишуваат некои документи, треба добро да проверат сè. Можеби ќе отидат на некој судски спор, чиј исход ќе биде во корист на други луѓе, па и тука би требало да бидат претпазливи“, предупредуваат астролозите.

Два хороскопски знаци ги чека криза во односите со партнерот до крајот на јули
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.